Во среда завршува конкурсот за наградата „Роман на годината“

Сподели

 

Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ соопштува дека романите што конкурираат за наградата „Роман на годината“ ќе се примаат во читалната „Славко Јаневски“ во Скопје (во кулата до гимназијата „Јосип Броз Тито“) заклучно до среда, до 19 часот. Романите во пет примероци можат да бидат пратени и по пошта, на адреса на Фондацијата: булевар „Кузман Јосифовски Питу“ бр. 19/6-40, Скопје.

 

Жири-комисијата има должност да го соопшти името на годинашниот лауреат најдоцна до 15 март, а свеченото врачување на наградата ќе биде во првата половина на април. Наградата се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Годинава наградата „Роман на годината“ се доделува по 21-ви пат.