Долниот дом на шпанскиот Парламент денеска го ратификуваше Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.
„Долниот дом во Мадрид, утрово го ратификуваше пристапниот НАТО протокол со 279 гласа ‘за’ и 1 глас против! Muchas Gracias! Следната и последна станица: Сенатот…“, напиша министерот за надворешни работи, Никола Димитров на својот фб профил.