ДОМ: Да не поскапува струјата за домаќинствата

Сподели

 

Зелената партија ДОМ ја повикува Регулаторната комисија за енергетика да ја преиспита одлуката и да не дозволи покачување на цената на струјата за домаќинствата. Во време на корона криза кога граѓаните се соочуваат со егзистенцијални проблеми, поскапувањето на струјата ќе предизвика дополнително оптеретување на нивниот домашен буџет.

Потребно е ЕСМ и МЕПСО да ги намалат оперативните трошоци на работењето, а ЕВН како универзален снабдувач да ја намали маржата на профит, за да се добие поевтина електрична енергија што ќе рефлектира со пониски сметки за струја. ЕСМ мора интензивно да инвестира во обновливи извори на енергија за во иднина да биде конкурентен на пазарот.

Зголеменото искористување на обновливите енергии, пред се од сонцето, за производство на електрична енергија од страна на домаќинствата и компаниите, како и зголемената енергетска ефикасност на објектите, ќе овозможи пониски цени на струја, намалување на загадувањето и климатските промени. Затоа, ДОМ инсистира на подобрување на регулативата за поставување фотоволтаици во домаќинствата и компаниите, без ограничување на инсталираната моќност и субвенции за поставување фотоволтаици и енергетска ефикасност на домовите – се наведува во соопштението на ДОМ.