Хашим Тачи поднесе оставка по обвинението за воените злосторства во Хаг

Сподели

 

Претседалот на Косово, Хашим Тачи поднесе оставка од функцијата претседател по потврдата за обвинението за воените злосторства на Специјализираното обвинителство во Хаг.

„Надлежни лица ме информираа дека официјално судијата во Хаг го потврдил обвинението против мене. Со цел да го заштитам интегритетот на Косово, почитувајќи го партнерството со меѓународната заедница, денеска поднесувам оставка од претседателската функција“, истакна Тачи на денешната прес-конференција, додавајќи дека ќе соработува со Судот во Хаг.

Тој рече дека „нема да дозволи да му се суди на еден претседател на Косово“.