„Можам да кажам дека семејството Диневи не го чувствувам како семејство кое донирало орган, туку чувствувам како јас да сум роден во тоа семејство. Комуницираме речиси секој ден. Имав можност летото да го поминам кај нив. Тоа беше момент преполн со емоции на тага и на среќа. Немам зборови како да го опишам тоа. Благодарен сум на Господ што ми даде шанса да имам уште еден брат, уште една сестра, а можам да кажам дека и нивниот татко го чувствувам како свој втор татко“, Васил Огњановски, син на Иван Огњановски, на кого му беше трансплантирано срце во месец мај.
Тој вели дека свеста за органодарителството треба да биде на повисоко ниво, повеќе да не претставува табу тема и очекува што повеќе луѓе да го следат хуманиот гест на семејството на починатата Емилија Динева.
Панел дискусија „Органодарителство – состојба и предизвици“ за подигнување на јавната свест за дарување на органи и развој на трансплантацијата во нашата држава.
denesmagazin.mk