Реис Шаќир Фетаху, досегашниот вршител на должноста, е избран за нов лидер на Исламската верска заедница во Македонија, со поддршка од 18 муфтии и раководители на исламскит верски заедници.
Фетаху доаѓа на местото на Сулејман Реџепи кој во мај оваа година поднесе оставка.
Неговиот противкандидат Ќани Несими доби само 3 гласа.