По повод 3. декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, во Музејот на Македонија беше промовиран првиот прирачник наменет за вработените во музеите „Водич за лица со попреченост при посета на музеите“, напишан од Емилија Георгиева и Сузана Марковска.
Прирачникот ќе им овозможи на сите вработени во музеите стекнување на основни информации на лицата со попреченост и нивните карактеристики, подобрување на пристапот до музејските постапки и нивно адекватно приспособување според потребите на овие лица.
Прирачникот нуди и стекнување неопходни информации за основните методи и техники на работа при организирање едукативни работилници во музеите. Социјалната инклузија на лицата со попреченост е една од активностите што се преземаат со цел и овие лица да се почуствуваат како рамноправни во општеството и да им биде овозможен пристап до сите институции од областа на културата, – соопштија од Музејот на Македонија.
denesmagazin.mk