“ЧИТАМЕ ЗАЕДНО!” Моќта на сегашниот миг – Екарт Тол

Сподели

 

„Соба без книги е како тело без душа“, рекол Маркус Талиус Цицерон.
Добрата книга може да биде твој најдобар пријател, може да го промени твојот став за светот и може да ти го промени животот. Книгите се безвременски. Постојат отсекогаш. Сѐ што постои и постоело на Земјата е пренесено преку пишување. Целата мудрост на постоењето се наоѓа некаде напишана. Само треба да се открие.
 
Постојат толку книги, од самото постоење, кои зачудувачки, се толку слични со тоа што се случува денес. Сѐ што постои денес, веќе постоело некогаш и ќе постои пак, нема ништо ново, само илузија за нашата важност и нашето постоење.
 
Овие стари книги нѐ тераат да размислиме за важноста на животот. Што е битно за нас и зошто придаваме значење на неважни работи? Зошто живееме поврзани со минатото и со поглед кон иднината? Зошто минатото нѐ дефинира, а иднината нѐ плаши? Дали е тоа животот, илузија меѓу минатото и иднината? Зошто едноставно не уживаме во животот СЕГА?
 
Нашиот прв избор во рубриката „Читаме заедно“ е токму „Моќта на сегашниот миг“ од Екарт Тол. Безвременска книга и водич како да го живееш животот СЕГА.
 
Те охрабруваме да ја прочиташ книгата и да се приклучиш на разработката на истата, каде нашите психолози ќе анализираат делови од книгата. Ќе можеш да го слушнеш нивното мислење, како и да ги искажеш твоите впечатоци од книгата.
Учеството е бесплатно! Местата се ограничени! 20 мај, во 19 часот.
Пријави се на следниот линк: