Ќе му се суди на мажот кој му удри шлаканица на Макрон (ВИДЕО)

Сподели

 

Младиот маж кој му удри шлаканица на францускиот претседател Емануел Макрон за време на официјалната посета на департментот Дром на југоистокот во Франција на која имаше и средба со граѓани, веднаш ќе биде изведен пред суд.

На снимката се гледа како анархистот го фаќа за рака францускиот претседател, а со другата рака му удира шлаканица. Испаничениот Макрон рефлексно скока на страна, а припадниците на обезбедувањето го одвлекуваат подалеку од толпата.

 

 

По инцидентот, францускиот претседател истакнал дека станува збор за изолиран случај и дека не треба да се дава големо внимание.

– Не треба да им се дозволува на агресивните луѓе да завладеат нсо јавната дебата. Тие тоа не го заслужуваат. Сè е во ред. На тоа треба да се придаде ограничено значење затоа што станува збор за поединечлен инцидент. Тоа не треба да ги фрли во сенка другите важни теми – рекол претседателот на Франција.