Пресечени цевките за довод на кислород во тетовската болница

Сподели

 

Вработените во тетовската болница утринава увиделе дека има оштетување на системот за централен довод на кислород низ објектите, а за среќа нема последици по пациентите. Оштетени биле две споредни цевки кои носат кислород од централниот систем до првиот објект ургетно-дијагностичкиот центар, додека снабдувањето до Ковид одделенијата одело непречено преку главната цевка. Избегната е трагедија и цевката за централниот одвод на кислород која води во ковид-одделението во кое има 120 пациенти оној/оние кои го сториле овој инцидент, не ја оштетиле. Таа се наоѓа веднаш до цевководот за кислород кој бил оштетен. 

-Изгледа имавме среќа сите 125 пациенти што ги имавме ги спасивме, бидејќи да имаше оштетување на главната цевка тоа ќе беше катастрофа и не би сакал да предвидам што би можело да се случи и што би можеле ние да направиме во тие моменти. Тоа би требало да значи транспорт на сите пациенти од сите одделенија, а имаме нетранспортибилни пациенти. Замислете би требало да има над 70 отсто од пациентите да се транспортираат итно, за наша среќа не се случи. Се надевам дека сега полиција ќе видат што се работи кој е авторот на ова дело, изјави д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид центарот на Клиничка болница.

„Доколку беше прекината главната цевка која е многу блиску, тогаш ќе требаше за неколку минути да извршиме транспорт на пациентите во Скопје или на други клиники, или во мал број таму каде што имаме легла со кислород, ќе беше голема катастрофа ако се оштетела главната цевка”, изјави за медиумите д-р Нуредини.

Случајот е пријавен и во полицијата од каде е извршен и увид.