Денеска на скопскиот аеродром пристигна претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен која ја пречека вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров. Таа пристигна од Албанија каде што изјави дека испратила јасна порака дека иднината на Албанија е во Европската Унија.
За посетата на Урсула фон дер Лајен, Никола Димитров на својот официјален фб профил напиша:
Taa пред Владата беше пречекана од премиерот Зоран Заев, по што ќе одржат средба на која ќе присуствуваат и Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Премиерот Заев и претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен ќе одржат заедничка прес-конференција во кино „Фросина“ во МКЦ.
Подоцна Фон дер Лајен ќе се сретне и со претседателот Стево Пендаровски и ќе присуствува и на вечерата што ќе ја приреди шефот на државата, во присуство на претседателот на Собранието Талат Џафери и други високи претставници.