Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски, поставувајќи национален рекорд со време од 01:04.65 часа, на полумаратонската трка во Тирана-Албанија, се закити со златниот медал на Балканското првенство во полумаратон.
На минатогодишниот полумаратон во Битола, на трката Трчај Бе, Ивановски го зазеде третото место и освои бронзен медал.