СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС НА ФИЛИПИНИТЕ

Сподели

zemjotres-1-640x296

Земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала, денес го погоди јужниот дел на Филипините. Епицентарот на земјотресот е регистриран на филипинскиот остров Минданао, но сè уште не e потврдено дали има човечки жртви или материјална штета.

Американскиот геолошки институт објави дека земјотресот бил со сила од 5,9 степени.

Земјотресите се честа појава на Филипините, бидејќи земјата лежи на т.н. „Огнен пацифички прстен”, појас околу Тихиот Океан каде што има голем број активни вулкани и нестабилни канали под океанот.