САС: Бурата Виндмагедон усмрти најмалку девет лица, а 1,5 милиони луѓе се без електрична енергија

Сподели

Во силната бура што го погоди источниот дел на САД загинаа најмалку девет луѓе, а 1,5 милиони луѓе се без електрична енергија.

Меѓу загинатите се и две момчиња, шестгодишно дете од Вирџинија и 11-годишно момче од Њуорк, а откорнати дрвја усмртија двајца мажи во Вирџинија и Њупорт, додека 77-годишна жена настрада пред својот дом во Балтимор.

Бурата предизвика поплави и корнеше дрва, а на одредени места ветерот се движеше со брзина од 145 километри на час.

 Гувернерите на Масачусетс и на Њујорк прогласија вондредна состојба, а претходно истото го направија и гувернерите на Мериленд и на Вирџинија.

Новата бура што го зафати подрачјето од Северна Каролина до Мејн е наречена Виндмагедон.

Авиокомапаниите во североисточниот дел на САД откажаа повеќе од 2.800 летови, додека аеродромите во градот Њујорк се во целосен застој.