ДЕМИР КАПИЈА, ВЕЛОСИПЕДСКА ДРУЖБА

Сподели

MDdemirkapijavelosipedskadruzbasportskinastani

Демир Капија,  3 Јули

100 години од тунелот и патот низ Демир Капијската клисура изграден од страна на германската армија во Првата светска војна; и 200 години од причината за создавање на првиот велосипед од страна на Карл Драјс од Германија. Епа нема подобар начин за сето ова да се прослави освен со една велосипедско дружење токму по овој пат.

Рутата ја започнуваме од Демир Капија, градот обележан како најдобра локација за правење вино на Балканот, кој во последно време се повеќе и повеќе станува светски рај за качувачи по карпи. Минуваме низ тунелот, пробиен во јули 1916 година, и се движиме по стариот пат за Гевгелија се до Миравци. Патот е макадам, широк, тампониран, не е асфалтиран но е сосем лесен и погоден за секкви велосипеди.

Од Миравци, над селото се наоѓа локалитетот Бели Рај, каде ќе се упатиме за да се оладиме во природните базени кои ги формира реката. На локацијата има ресторан каде може да се освежиме односно да закрепниме.

Агенда: 

7:30 Тргање кон Демир Капија;

9:30 Собир пред тунелот;

10:00 Возење точак до Миравци;

14:00 Бањање и ручек во Бел Рај;

16:00 Автобус назад за Демир Капија;

18:00 Назад за Скопје;

Пристигнувањето во Скопје ќе биде до 20ч.

Рутата:

Должина: 28,5 км

Асфалт: 10,5 км

Земја: 18 км

Вкупно искачување: 484 м

Највисока точка: 215 мнв

Најниска точка: 67 мнв

Што да понесам?

● Исправен велосипед

● Резервна гума

● Наочари за сонце

● Две шишиња со вода

● Заштитна кацига или капа за сонце

● Грицки за по пат

● Облека за дожд

● Пари за продавничка / ресторан

● Облека за капење

● Крема за сончање

● Пешкир

● Фото апарат

Во организацијата е вклучено: водичи на велосипед, лица обучени за прва помош, техничка поддршка за теренски сервис на велосипедите, организиран поврат на учесниците и велосипедите од Миравци до Демир Капија. А од поддржувачите има и неколку изненадувања. За членовите на Велосипедски кружок „Милтон Манаки“ и поддржувачите има организиран превоз до Демир Капија.

За превозот на точаците од Скопје собираме по 200 денари од учесник за камион.

Лица кои не се членови на Кружокот, плаќаат 300 денари за организациски трошоци, дополнително на трошоците за превоз и храна.

Учество на малолетни лица е добедојдено и тоа е бесплатно во придружба на родител/старател.

Ве молиме да го пријавите вашето присуство до 28 јуни, преку испраќање на порака на milton@to4ak.com

Велосипедската дружба е поддржана од Амбасадата на Сојуз на Република Германија, Општина Демир Капија, Стефано 97 и XMKD.