DW: Ќе има ли нови сигнали за Скопје од Софија?

Сподели

 

Португалскиот претседател доаѓа во Софија по две седмици откако португалскиот шеф на дипломатијата и комесарот Вархеји таму и во Скопје презентираа иницијатива за деблокада на македонските евроинтеграции, пишува Дојче веле.

Ќе има ли нови сигнали за Скопје од Софија? Одговори се очекуваат од дводневата посета на португалскиот претседател, Марсело Ребело де Соуза, кој денеска и утре престојува во официјална посета на Бугарија на покана од бугарскиот претседател Румен Радев. Посетата почнува утрово со официјална церемонија пред црквата споменик „Св. Александар Невски“, каде бугарскиот претседател официјално ќе го пречека португалскиот колега, кој потоа ќе положи венец пред споменикот на Незнајниот војник во Софија. Претседателите на Бугарија и Португалија во 11 часот ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе се одржат и пленарните разговори меѓу двете официјални делегации, по што напладне Радев и Де Соуза ќе одржат прес-конференција. Утре на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, претседателот на Португалија ќе биде удостоен со почесната титула „Доктор Хонорис Кауза“, и ќе одржи предавање на тема „Европа – перспектива за иднината“. 

Целиот текст на Катерина Блажевска за DW