Ердоган: Ставот на западните земји кон бегалците, срам за човештвото

Сподели

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, говореше на прес-конференцијата во салата за конвенции по Самитот Г20

thumbs_b_c_130a584911abe1a700dac08ec151f967

ХАНГЏОУ (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на прес-конференцијата по Самитот Г20 изјави дека кризата во Сирија продолжува и дека од хуманитарен аспект, особено е засрамувачко однесувањето на западните земји во врска со прашањето за бегалците, јавува Anadolu Agency (AA).

„Кризата во Сирија продолжува и денеска, со жртви во земјата и акции на терористичките организации од една страна, и предизвиканата мигрантска драма во светот, која секојдневно крвари од друга страна. Од хуманитарен аспект, особено е засрамувачко однесувањето на западните земји околу прашањето на бегалците и нивната опседнатост со безбедноста, ставови кои на моменти се дури и расистички. Досега во Сирија се убиени повеќе од 600.000 лица. За нас е засрамувачки во земја во која се убиени 600.000 лица, некој сѐ уште да го штити Асад да остане на неговата функција“.

Претседателот Ердоган на прес-конференцијата по Самитот на Г-20 истакна дека не треба да се заборави дека организацијата наречена ФЕТО е глобална мрежа.

„Не треба да се заборави дека организација наречена ФЕТО претставува глобална мрежа којашто покрај Турција, покажува свои активности уште во 170 други земји“, рече Ердоган и додаде: „Оваа организација ги искористува религиозните верувања, образованието и човекољубието, кои се човекови чувства, со експлоатација на трговските врски за лични интереси. Го повикувам целиот свет да биде внимателен по прашањето на оваа организација”, рече Ердоган.

Турскиот претседател истакна дека треба да се отфрли сфаќањето за одделните гледишта кон терористичките организации:

„Секој што ДАЕШ, ПКК, ПЈД, ЈПГ, ФЕТО ги гледа одделно, потребно е тоа да го отфрли и кон сите терористички организации, веднаш да се започне принципиелна борба. Ние сме одлучни по секоја цена да ја продолжиме борбата против тероризмот. Јас како претседател, а исто така и Владата, одлучни сме во тоа. Операцијата во Џарабулус е израз на нашата посветеност по ова прашање. Воведената вонредна состојба во земјата по обидот за државен удар, не е со цел само да се биде поефикасен и побрз во борбата со структурата на ФЕТО, туку и да се изврши реконструкција на потребните работи во таа насока.

– „Нападот изведен на свадба, за нас стана дефинитивен почеток“ –

Ердоган за терористичкиот напад што се случи на свадба во Газиантеп рече дека е дефинитивен почеток за Турција и продолжи:

„Операцијата на северот од Сирија не претставува борба на Турција насочена кон територијалниот интегритет на Сирија, и во првата етапа, Џарабулус е нашата граница. Со месеци од Џарабулус се истрелуваат ракети врз територијата на Турција. За жал, во последниот настан што се случи на свадбата во Газиантеп, дете на 14-годишна возраст го активирало својот експлозивен појас и од експлозијата загинаа 56 лица, додека околу 100 беа ранети. Овој настан за нас дефинитивно беше почеток“.

Ердоган посочи и дека во Џарабулус, кој е расчистен од ДАЕШ, се вратиле неговите жители. „Во Џарабулус влеговме заедно со умерената опозиција на сирискиот народ од Џарабулус и по влегувањето, заедно со умерената опозиција го расчистивме Џарабулус од ДАЕШ. Во моментов ДАЕШ го нема во Џарабулус, во потполност ги напушти позициите. Во Џарабулус се вратија неговите жители. Во градот што брои од околу 100.000 жители, среќно се врати населението заедно со своите деца.