ФСП со отворено писмо до членовите и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ

Сподели

timthumb

Почитувани браќа и сестри,

Поминаа речиси две години од моментот кога ние, постарите членови, ветераните и други наши браќа и сестри по идеологија и цврста верба во идеолошките постулати на партијата, се одваживме и го кренавме гласот против, според нас, катастрофалното водење на политиките на актуелниот партиски врв на чело со Никола Груевски. Го формиравме Форумот на слободоумни патриоти при ВМРО ДПМНЕ како натпартиско, но според Статутот сосема легално формирано тело кое ќе биде репер за понатамошното правилно, правично и праведно водење на партијата. Нашите заложби и ги презентиравме на јавноста како Проглас со деветнаесет јасно зацртани цели по кој пат треба да се движи партијата.

Од денешна дистанца, а сметајќи го секојдневното се помасовно пристапување во Форумот, на крајно незадоволни партиски членови, ние членовите на Форумот мислиме дека ја оправдавме целта на неговото постоење. Во оваа прилика јасно и недвосмислено потенцираме дека ние никогаш не сме ни помислиле да се оттргнеме од ВМРО ДПМНЕ, ниту пак имаме таква намера. Напротив, ние и понатаму дејствуваме во самата партија како доследни членови на ВМРО ДПМНЕ, нормално со сите оние несогласувања изнесени во самиот Проглас за спас на ВМРО ДПМНЕ.

Внатрепартиската демократизација мора да започне час поскоро. На партијата итно и е потребно одржување на вонреден Конгрес, на кој ќе бидат избрани нови партиски тела и органи составени од чесни и достоинствени партиски членовни, како и Конгрес на кој ќе биде избран нов лидер на Партијата, низ една транспарентна и демократска постапка. Вонреден Конгрес е неминовен, актуелната врхушка е компромитирана во јавност и со неа е неизбежен пораз на следните предвремени парламентарни избори. Во интерес на самата партија, а со цел да не дојде до целосен распад и раскол, кој никој не го посакува, а најмалку ние, апелираме до врхушката веднаш да отпочне постапка за свикување на вонреден Конгрес и избор на ново партиско раководство.

 Притоа во новото раководство не смеат да земат учество ниеден од досегашните  партиски функционери предводени од Груевски бидејќи заради нивните катастрофални грешки партијата е доведена до ова дереџе. Тука само ќе спомне дел од нив, почнувајќи од:менувањето на партиските бои и симболи, понижувањето на старите членови и ветерани и нивното деградирање, масовниот прием на членови со сомнителна идеологија во редовите на партијата и нивно целосно згрижување, коалиција со луѓе кои со оружје се кренаа против институциите на државата без да се почитува мислењето на членството, понатаму нехуманиот однос кон раселените, бранителите, амнестирањето на xaшките случаи, неоснованото и незаконско притворање на македонските xeрои, неразјаснетите убиства, Смилковско езеро, изградабата на споменици кои се спротивни на македонските национални интереси и премолченоста и немањето на никаква владина и партиска реакција, селективното водење на правдата и несанкционирање на криминалот на опозициските тајкуни и нивниот неразбирлив и нејасен прием во вмровските партиски редови, осиромашувањето на нашето партиско членство на сметка на новопечените членови со сомнителна идеологија, преговарањето за нашето вековно име, индолентниот и крајно понижувачки однос кон МПЦ, и конечно Пржино со сите последици произлезени од самиот противуставен договор.

Разнебитувањето, уништувањето и користењето на ВМРО ДПМНЕ за лични цели и лично богатење мора да престане. Доколку сакаме партијата да продолжи да постои мораме да се сплотиме и да и кажеме на врхушката дека е време да си оди.

Во овој миг подготвени сме да го поведеме незадоволното партиско членство во отворена и јавна дебата со која ќе се гради нова демократск клима во партијата до наредниот вонреден Конгрес. Ние сме подговтени да го повика членството на пружање масовен отпор против политиката на сегашното партиско раководство. Сметаме дека е недстојно и понижувачки за секој вистински член што верува во четирите свети букви ВМРО да продолжи молкум да го трпи разнебитуваето на партијата и нејзините идеали. Сите заедно, сплотени мораме да го победиме не само стравот од поагресивна акција, туку и да ја разбудиме и гордоста на идеологијата со која ја возобновивме Македонија!

Станете да ве ослободиме!

Да живее ВМРО ДПМНЕ!

Да живее Република Македонија!