ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА – ЗАД ШПИУНКАТА

Сподели

Untitled

На 29ти август, во Јавна соба со почеток од 21 часот, ќе се одржи хуманитарна акција на Скопскиот хипхоп колектив Зад Аголот, во соработка со македонските графитџии и добронамерници.

Десет графити артисти/уметници изработија 100 уникатни омоти на “Зад Шпиунката” и ќе се продаваат заедно во пакет со маички Зад Аголот и стикери, по симболична цена од 500 денари, а секој што сака да даде повеќе ќе може да го стори тоа во кутија за донации.

Артистите кој ги изработија омотите се:
• Страјк
• Pighands
• Руки
• Драш
• Мачка
• Микс
• Нак47
• ИндОг
• Гало
• Филе

Исто така ќе се продаваат и ваучери за тетовирање од Nameless Tattoo Studio. Вредност на ваучерот е 1000 денари, по цена од 500 денари.

На грамафоните ќе вртaт Диџеј Гоце, Илич и Дрази Драгс.

Сите средства собрани од хуманитарната акција ќе бидат директно донирани до најзагрозените семејства од поплавата.

“Си мојот човек, твојот проблем е и мојот проблем,
Сум твојот човек, мојот проблем е и твојот проблем”