Инцидент во Далас – во протестите убиени петмина полицајци

Сподели

dalas-policija-pukanje-apsenje

Петмина полицајци се убиени, а уште седум се ранети од снајперски оган за време на протестите што во Далас се одржаа во знак на ревлот против убиството на двајца Афроамериканци од страна на полицијата.

Меѓу снајперистите кои пукале на полицијата има една жена која веќе е притворена. Другиот снајперист сè уште е на слобода, а во престрелката при обидот за негово апсење бил убиен еден полицаец.

Во преговорите за негово предавање на полицијата, снајперистот порачал: „Крајот е близу!“

Не се знае колку точно напаѓачи учествувале во нападите на полицијата, но засега се споменуваат четворица. Едниот сам се предал, другиот бил приведен по размена на оган со полицијата.

Инцидентот во Далас се случува за време на протестот против полициската бруталност кон црнечката заедница, откако во период од два дена полицајци убиле двајца Афроамериканци во американските сојузни држави Минесота и Луизијана.

Претседателот на САД, Барак Обама, изјави дека полициските убиства покажуваат дека Америка нужно мора да се соочи со појавата на расни предрасуди во полициските редови.

meta.mk