Граѓаните кои изградиле дивоградби, за да може да ги легализираат, ќе треба да платат двојно повисока цена за комуналии од таа што требало првично да ја платат. Но, доколку бесправно изградениот објект не се вклопува во Деталниот урбанистички план на општината, тогаш дивоградбата ќе биде урната.
Ова се новите предлог-правила за легализација на без правно изградените објекти. Претставници на Министерството за транспорт и врски и тим од пет градоначалници ќе го подготвуваат новото законско решение.
Според градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, тоа треба да биде поправично и подобро од претходното кога дивоградбите се легализираа за едно евро од квадрат.