Ректорската управа денеска одлучи двајцата кандидати помеѓу кои ќе се избира новиот ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ да бидат универзитетските професори Никола Јанкуловски и Ненад Новковски.
Никола Јанкуловски е актуелен декан на Медицински факултет, а Ненад Новаковски е професор на Природно-математички факултет.
Новковски беше министер за образование и наука во владата на Љубчо Георгиевски од 1998 година.
Освен Јанкуловски и Новковски, во трката за ректорската позиција беа и професорите Александар Димитров, Атанас Кочов, Коле Василевски и Елена Думова-Јованоска.
Новиот ректор на УКИМ ќе биде избран на седница на Сентатот на УКИМ на 27 јуни.
Новковски и Јанкуловски ќе се борат за ректорската позиција на УКИМ