Вакцинацијата во државата се одвива добро и процесот тече регуларно во сите пунктови низ државата. Во изминатиот период е пораснат опфатот со вакцинација кај повозрасните граѓани. Од вкупното население над 40 години, вакцинирани се 53 отсто.
Младите граѓани се оние кои се во моментов најизложени на ковид вирусот и истите се главни медијатори, поради комуникацијата со своите соученици, другари.
Во денешната изјава за медиуми пред малата сала во А1 СЦ Борис Трајковски, министерот за здравство д-р Венко Филипче најави отворање на нов пункт за вакцинација во Универзитетот св. Кирил и Методиј и како што кажа, со овој чекор се става акцент на тоа вакцините да бидат подостапни и за младите граѓани за истите да вакцинираат во поголем број во периодот што претстои.
-Оваа моја порака денес сакам да ја упатам до сите млади луѓе во државата, моите врсници да покажеме еден висок степен на свест, на сериозност и на одговорност кога станува збор за јавното здравје, да се вакцинираме, да не дозволиме да се преплават здравствените капацитети, да се заштитиме себеси и да ги заштитиме луѓето околу нас – кажа Ернес Никочевич.