Поради штрајкот на аеродромите, откажани стотици летови од Берлин

Сподели

Стотици летови од аеродромите во Берлин беа откажани поради штрајкот на вработените, пренесува Anadolu Agency (AA).

На главниот меѓународен аеродром „Тегел“ се откажани 455 летови, додека на аеродромот „Шенефелд“ во Берлин се откажани 204 летови, објави германската новинска агенција ДПА.

Според податоците на синдикатот, околу 2.000 работници започнаа штрајк во четири часот по локално време и ќе штрајкуваат до сабота, до пет часот наутро.

Целта на штрајкот е да се зголеми притисокот врз работодавачите за да ги започнат преговорите за зголемување на платите на вработените.

Синдикатот соошти дека сѐ уште нема добиено понуда којашто ќе биде основа за почеток на преговорите, и дека постои недоразбирање, доколку се земат предвид договорите со вработените на другите германски аеродроми.