Позната е причината зошто Ана и Јелена не се во добри односи – Ова не можеше да и го прости!

Сподели

Поранешните надежи на Србија во тенисот, Ана Ивановиќ и Јелена Јанковиќ не се во добри односи, а сега е откриена и потенцијалната причина за „кавгата“.

фото: Reuters / Fonet

Мајката на Јелена, Снежана Јанковиќ многумина ја сметаа за личност која влијаеше на заладувањето на односите помеѓу Ана и Јелена.

Причината за таквиот став е нејзината критика кон Ана кога Србија го играше Фед купот и кога Ана Ивановиќ, која тогаш се забавуваше со шпанскиот тенисер Фернандо Вердаско, не играше за својата земја, пишува магазинот “ Приказна!”.

,,Ќерка ми пропушти само еден натпревар за Србија во текот на цели десет години. И покрај сериозната повреда на зглобот, таа трчаше половина од планетата за да игра за својата земја. За тоа време некој друг уживаше и пиеше кафе додека мојата повредена ќерка се бореше за својата земја – изјави еднаш Снежана, алудирајќи на Ана, која потоа се сликаше како ужива на кафе со Вердаско.

Неколку години подоцна се виде дека односот меѓу двете најдобри српски тенисерки во историјата не е на завидно ниво. Имено, Јелена тогаш не била поканета на свадбата на Ана со Бастијан Швајнштајгер.

,,Не сум разочарана што Ана не ме покани на својата свадба, бидејќи верувам дека најсреќните моменти во нашите животи се резервирани за луѓето кои се долги години со нас и со кои делиме добро и лошо. Само би била број еден повеќе на таа свадба – изјавила Јелена.

The post Позната е причината зошто Ана и Јелена не се во добри односи – Ова не можеше да и го прости! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico