Прекината и презакажана комисиската расправа за законот за јазиците

Сподели

Комисијата за европски прашања ја прекина и презакажа расправата за амандманите за законот за употреба на јазиците, поднесени од опозициската ВМРО ДПМНЕ, за 24. декември.

Претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби ја прекина расправата за Предлог – законот за употреба на јазиците, бидејќи пратеникот Фадил Зендели од БЕСА не сакаше да ја напушти говорницата. Караницата помеѓу пратениците на БЕСА и претседателот на комисијата Груби, започна по одбивањето на еден амандман, поднесен од БЕСА, по што Груби не му даде збор на Зендели да одговори за одбиениот амандман.

Пратениците од опозицијата, како што најавија, не присуствуваат на седницата на комисијата, а се очекува да се вклучат во работата на Парламентот по конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, закажан за 23 декември.