Претседателот Стево Пендаровски свика седница на Советот за безбедност кој ќе се одржи во неговиот кабинет точно напладне.
Покрај редовните членови, ќе присуствуваат директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути.
На седницата ќе се разговара за лицата од Авганистан прифатени на нашата територија, како и за тоа како е поставен системот за управување со кризи на национално ниво.