Презентација на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите

Сподели

 

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието, заедно со Клубот на пратенички, а во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денеска во 11:00 часот, ќе одржи онлајн презентација на наодите од анализата на Деловникот и Законот за собрание од аспект на родот и различностите изработена од експерти на ОДИХР.

Оваа активност е дел од  Планот за унапредување на родовата сензитивност на Собранието 2020 – 2021, а наодите и препораките ќе му послужат на законодавниот дом за надградување на овие два документа со родово-сензитивни одредби.

Покрај членовите и заменик-членовите на Комисијата и Клубот на пратенички, на презентацијата поканети се генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова;  претседателите на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетнни прашања и Комитетот за односи меѓу заедниците, Панчо Минов и Арбана Пашоли; како и собраниска служба.