РОМАНИЈА: Продолжуваат антивладините протести

Сподели

Неколку илјади Романци и вчера излегоа на протести во повеќе градови на Романија, со барање за оставака на Владата, по нејзиниот неуспешен обид за промени на Кривичниот законок, со што ќе се овозможеше ослободување од гонење на лица осомничени за корупција.

Околу 2.000 луѓе се собраа пред зградата на Владата во Букурешт и покрај студенто време и обилниот дожд, скандирајќи „крадци“ и „оставка!“

– Владата ја загуби сета доверба. (Владејачката) Социјалдемократска партија победи на изборите (во декември) и ние тоа не го оспоруваме, но таа треба да најде чесни луѓе кои ќе управуваат со земјата, изјави еден од говорниците на протестот. Друг порача дека граѓаните „треба да останат внимателни и да им порачаат на властите дека ги следат и дека нема да дозволат корупција“.