Северна Кореја отвори туристичка канцеларија во Москва за да ги привлече Русите да патуваат во ова затворена земја, ветувајќи им дека нејзиното нуклеарно оружје ќе ги чува.
„Северна Кореја е една од најбезбедните земји на светот“, изјави Ким Сенг Хунг претставник на севернокорејската амбасада во Москва, додавајќи дека таму туристите ќе се чувствуваат побезбедни отколку на „вечерна прошетка во Лондон“.