Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност, во координација со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје на 12.09.2020 спроведе акциска контрола против возачи на моторцикли кои учествуваат во т.н. “диви трки“ на подрачјето на град Скопје поточно на скопската обиколница.
Санкционирани се 10 возачи на моторцикли кај кои се констатирани низа прекршоци. Од нив двајца моторциклисти се приведени во Полициското одделение Петровец, а моторциклите ќе бидат упатени во Станица за технички преглед за понатамошна постапка.