Во Танзанија пронајден дел од малезискиот авион MH370

Сподели

thumbs_b_c_ccb5a505810dded76ba00ccd64108285

МЕЛБУРН (АА) – Австралискиот министер за сообраќај, Дарен Честер, потврди дека делот пронајден на островот Пемба во Танзанија, во јуни оваа година, е од крилото на малезискиот авион MH370, јавува Anadolu Agency (AA).

Австралија спроведува меѓународна истрага по авионот што исчезна во 2014 година, а во него се превезувале 239 лица. Честер истакна дека пронајдениот дел од авионот е пренесен во Австралија, на барање на малезиската Влада, при што на него работеле експтерти на Австралиското биро за безбедност на транспортот (ATSB).

„На крајот од испитувањето е утврдено дека пронајдениот дел припаѓа на исчезнатиот малезиски авион“, појасни Картер. Според неговите зборови, постои голема надеж дека авионот ќе биде пронајден и дека продолжува потрагата по MH370.

Да се потсетиме дека патничкиот авион на „Малезија ејрлајнс“ исчезна на 8 март 2014 година, за време на летот на релацијата Куала Лумпур – Пекинг. Авионот исчезна над Јужното Кинеско Море, а во потрагата по него се вклучени неколку земји. При исчезнувањето, во авионот се наоѓале 227 патници и 12 членови на екипажот.