МАКЕДОНИЈА – Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи од 4 до 12, а дневната од 11 до 21 степени.
Во Скопје, претежно облачно со сончеви периоди. Попладне со врнежи од дожд. Температурата ќе се движи од 10 до 19 степени.
До петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град. За викендот времето ќе биде сончево и значително потопло.