Донација во рамките на системот за поддршка и солидарност од земјите членки на ЕУ

Сподели

 

Донацијата која што ја добивме преку механизмот за справување со пандемијата на НАТО во соработка со Министертвото за надворешни работи на Република Словачка се состои од респиратори за инвазивна и неинвазивна вентилација кои што беа распределени на Универзитетската Клиника за детски болести и Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство.
 
Овие респиратори во моментов се користат за пациенти заболени од Ковид 19 вирусот и истите имаат позитивно дејство врз овие пациенти. Специфичноста на овие машини е во тоа што истите имаат посебен софтвер кој што може да одговори на сите типови на белодробни заболувања. Новиот софтвер којшто го содржи во овој тип на респиратор има посебен модул за ковид пациенти, поради кој што се јавува голем успех во лекувањето.
 
-Ова е уште една донација во рамките на системот за поддршка и солидарност од страна на земјите членки на ЕУ, систем којшто започна уште на почетокот на минатата година со почетокот на кризата и благодарение на тој систем стигнаа голем број на медицинска опрема, на ЛЗО – маски, итн., делови од техниката, генератори без коишто кризата навистина тешко ќе се менаџираше. Сакам да изразам благодарност до заменикот министер на надворешни работи и европски прашања на Словачка, посебно до многу активниот амбасадор во нашата земја на Словачка со којшто интензивно разговаравме цела оваа измината година и којшто навистина лично се вложи со своите лични контакти и интензивна комуникација за да сега оваа донација којашто е веќе ставена во употреба, а тоа се 4 респиратори стигне во нашата земја, поради тоа што имаше интерес да истата ја добијат и многу други земји. Станува збор за 4 респиратори коишто имаат карактеристики да се употребуваат за земји коишто се заболени од Ковид 19, и веќе беа пациенти поставени и навистина дадоа одлични резултати. – соопшти министерот Венко Филипче.
 
На настанот пред УК за детски болести, присуствуваше и заменик на Претседателот за европски прашања Никола Димитров.
 
-Тука сум да изразам благодарност до партнерска, сојузничка и пријателска Словачка, до заменикот-министерот за надворешни и европски прашања, нашиот драг пријател Мартин Клус, со кого вчера имавме прилика подолго да разговараме, и до активниот амбасадор Хенрик Маркуш. Словачка во неколку наврати покажува голема солидарност и во периоди кога на словачкиот народ му треба помош и поддршка. Нема да зборувам многу за овие 4 исклучително модерни и барани респиратори, кои се адаптираат на потребите на организамот. Словачка исто така, е една од најактивните поддржувачи на нашата европска иднина и затоа посебно сум тука денеска. Сакам да ја изразам и потенцирам благодарноста на нашата Македонија, на нашите македонски граѓани до словачката Влада и словачкиот народ, бидејќи застанаа цврсто и јасно на словачките принципи, а без тоа ЕУ се разбира не може да биде заедница на вредности. Европската Унија не е само еден џиновски пазар, таа почива и на принципи и на вредности и вчера подолго разменувавме информации, разговаравме како оваа година да има успех, бидејќи ако нема и оваа година поместување во однос на проширувањето на Европската Унија во нашиот регион, Западниот Балкан, ќе бледнее европската идеја и се’ повеќе ќе имаме компетитивни визии за иднината на Балканот. – изјави заменикот Димитров.
 
Свое обраќање до медиумите имаше и заменик министерот на МНР на Република Словачка кој се залагаше во процесот на спроведување на донацијата.
 
-Драги пријатели, затоа што ние веруваме дека Северна Македонија е една од најпријателските земји за нас, задоволство ми е да бидам тука денес и да кажам неколку зборови за донацијата што ја дадовме пред неколку месеци, што е многу значајна за нас. Секој безбеден живот во Северна Македонија, а со вентилаторите од висока класа произведени во Словачка, измислени во Словачка е фантастична вест, не само за Северна Македонија, туку и за Словачка и за нашите граѓани и јас сум многу горд на тоа. Сакам да ве информирам дека ние сме голем поддржувач на перспективата на Северна Македонија и верувам дека овој вид на солидарност покажува колку се блиски нашите народи и воедно се надевам дека ова не е нашата последна можност да си помогнеме едни на други и подготвени сме за каква било солидарност и помош и во иднина. Во надеж сме дека истата нема да биде потребна поврзано со Ковид 19 и дека пандемијата наскоро ќе заврши. – кажа Мартин Клус во своето обраќање, заменик министерот на МНР на Република Словачка.
 
Благодарност до Република Словачка упати и Аспазија Софијанова, директорката на УК за детски болести.
 

-Сакам да се заблагодарам за донацијата која следи од Република Словачка со 4те респиратори кои практично Универзитетската Клиника ќе ги користи за лекување на децата. Станува збор за исклучително важни вентилатори, и вие слушате во оваа Ковид пандемија која не ги одмина и децата а кои ќе бидат особено важни во нивното лекување. Можам да кажам дека УК за детски болести заедно со одделот за интензивна нега и терапија претставува едно од уникатните и единствените одделенија каде нивната употреба ќе значи спасување на детските животи. Затоа, современиот третман и лекување на децата на сите нас ни е од исклучителна важност. Овие апарати, донација на Словачката Влада се навистина модерни, ефикасни и заслужуваат она што е најдоброто за најмалите. Се разбира и ние лекарите владееме со медицината, но сакаме сеуште да учиме па новитетите во технологијата и медицината ќе можеме со големо задоволство да ги прифатиме и да заедно ги споделиме со нашите колеги во Република Словачка кадешто сме и поканети да бидеме гости, да споделиме знаење и вештини и нови технологии во спасување на детските животи како едно од реномираните места Кошице. Ви благодарам и со задоволство ја прифаќам понудата на нашите уважени гости да бидеме и ние дел од од новите програми на ЕУ.