Филипче на роденден кај Лара, ќерката на донорот Јасмина Василковска

Сподели

 

Министерот за здравство, Венко Филипче, на својот официјален фб профил објави фотографии од роденденот на Лара, ќерката на Јасмина Василковска, жената донор на срце и бубрези, која неодамна спаси три човечки животи.

 

 

“Среќен роденден Лара. Денеска ја запознав ќерката на Јасмина Василковска, жената донор на срце и бубрези, која неодамна спаси три човечки животи. Семејството ме покани во нивниот дом за да го запознаам ова девојче кое денеска полни 1 година. Голема да растеш Лара, здрава, безгрижна, храбра и секогаш насмеана. Благородноста и хуманоста наследи ги од твоето семејството кое остави вечен белег во историјата на македонското здравство”, напиша министерот Филипче.