Џулијан Асанж: Викиликс пред 8 ноември ќе објави документи за американските избори

Сподели

wikileaks

Викиликс пред 8 ноември ќе објави документи за американските избори, објави денеска Џулијан Асанж демантирајќи дека цел на тоа е да и се наштети на кандидатката на демократите Хилари Клинтон.

Асанж по повод 10-от роденден на Викиликс, се обрати до јавноста преку видеолинк и најави дека до крајот на годината ќе бидат објавени околу милион документи од кои некои се за влади на три држави.

 – Викиликс објави 10 милиони документи во изминатите 10 години. Тоа се 10 милијарди зборови во просек околу три илјади документи дневно, рече Асанж.

Вети дека објавувањето ќе продолжи дури и ако тој мора да поднесе оставка.

– Документите што ќе ги објавиме вклучуваат и материјали за војна, оружје, нафта, Гугл и американските избори, нагласи Асанж. Тој додаде дека ималомногу погрешни цитирања кои сугерирале дека Викиликс ќе им наштети на претседателските избори во САД.