Британскиот премиер Дејвид Камерон ги обвини заговорниците за излегувањето на Велика Британија од Европска Унија дека ги лажат гласачите, но додаде дека не е загрижен дека приврзаниците за останување во Унијата ќе ја загубат трката.
Анкетите даваат мешани прогнози, но обложувачките квоти за одлука за излез од Унијата на референдумот на 23 јуни се смалија од 4:1 на 2:1.
Камерон, кој ја предводи кампањата за останување во ЕУ, рече дека заговорниците за излез од Унијата „прибегнуваат кон целосни невистини за да ги прелажат луѓето да скокнат во темнина“.
Запрашан дали е загрижен дека ќе изгуби, Камерон рече „Воопшто не сум“.