Турција доставила документ до САД за екстрадиција на Ѓулен

Сподели

230346

Турскиот премиер Бинали Јилдирим денеска соопшти дека неговата влада испратила документи во САД, потребни за екстрадиција на муслиманскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кој во доброволен егзил живее во оваа земја, поради сомнение дека е поврзан со неуспешниот обид за државен удар во Турција.

Премиерот рече дека Турција ќе го „искорени“ движењето на Ѓулен така што, како што рече, тој никогаш нема да може повторно да го предаде турскиот народ.

– Испративме документ во САД за испорака на лидерот на терористите. Ќе ги претставиме со повеќе докази отколку што тие сакаат – рече Јилдирим во турскиот парламент.

Јилдирим го обвини Вашингтон за двојни стандарди во борбата против тероризмот откако официјални лица од САД изјавија дека барањето за испорака на Ѓулен ќе биде разгледано само доколку се обезбедат јасни докази за негова вмешаност во воениот пуч.

meta.mk